
Второлигашот Детонит Плаковица од Радовиш имаше повеќе од успешна сезона, откако заврши на третото место и играше бараж за историско учество во Првата лига, но загуби од скопски Вардар со 2:0.
Клубот ја продолжи соработката со штипскиот стратег Иван Варадиновски, кој веќе започна да го крои ростерот за новата сезона. Прво летно засилување во таборот на радовишани е Кирил Неделков. 23-годишниот офанзивен играч за врска доаѓа од редовите на Вардар од Неготино, а во неговата кариера има настапувано за прилепска Победа, радовишка Плачковица, Тиквеш и Неготино од каде и ги прави своите почетоци во фудбалот.
За Неделков теренот во Радовиш е позната средина, откако тој претходно настапуваше за Плачковица една година во период од февруари 2020 до јануари 2021 година.
Како што дознава телевизија М Нет до среда во Детонит Плачковица ќе треба да бидат потврдени уште две засилувања.
Александар Ванев, М-Нет