
Екипата на Победа Валандово продолжува со одлични игри откако на гостински терен славеше со минимални 0:1 над Рудар од Пробиштип и така ја продолжува победничката серија и останува на врвот од табелата.
Овче Поле на домашен терен доживеа нов пораз од екипата на Ударник од Пирава со резултат од 1:2, со што домаќинот претрпе втор пораз во низа.
Дојранско Езеро беше декласиран на домашен терен од страна на екипата на Брегалница од Делчево со убедливи 0:3, додека пак Малеш кој беше под притисок за први бодои и за прво славеје со убедливи 4:1 ја декласираше струмичка Тиверија.
Хоризонт Турново и Карбинци одиграа 3:3.
Во рамки на првото коло слободна беше екипата на Светлост од Зрновци.
Во однос на самата табела на врвот е Победа од Валандово со максимални 12 бодови, Турново е втор со 10 бодови, а дното е Светлост од Зрновци без бодови.
Александар Ванев, М-Нет