
Преку соопштение Светската ракометна федерација попладневно информираше дека Ракометната федерација на Македонија доби парична казна од 10.000 франци, за вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Холандија, поради инцидентите што се случија на трибините, а дополнително доколку се повторат ваквите инциденти, ќе се воведе забрана за присуство на навивачи во „Вараждин арената“.
За утрешниот натпревар со Гвинеја, просторот зад клупата каде седат играчите, ќе биде затворен.
Дополнително е побарано поголемо присуство на полиција и обезбедување.
Александар Ванев, М-Нет