
Екстракција, болка и правење протези се најчестите причини за кои штипјани посетуваат стоматолог. Стоматолозите советуваат честа посета на стоматолошка ординација на секој шест месеци. Здравите заби не само што овозможуваат здрав организам, туку ја зголемуваат и социјалната интеракција. Од друга страна пак нездрава уста може да доведе до социјална изолација, заради чувство на срам поради забите. Затоа лекарите апелираат често миење и редовна контрола. Штипјани велат дека иако е скапо да се извршува било каква интевенција, важно е да посетуваат за да си ги зачуваат забите колку што можат.
„Скапо е , само за вадење е 1000 денари и одам во последно време. Правив еднаш заби, но не можам да ги поднесувам и затоа само ги вадам и не бидувa. Важно е дека е скапо 350 денари е само инекцијата, а 350 е вадењето и околу 1000 денари излегува целосното вадење на заби. Многу често, па скапо е најнормално. Порано беше по евтино, а сега е по скапо. Сега за забен камен се плаќа околу 800 денари. Редовно ако се одржуваат добро ќе биде и со текот на староста се си доаѓа. Некогаш два пати, а некогаш се случува и почесто зависи кога има потреба од поправка тогаш по често, а сега два пати или трип пати во годината се оде. Одиме , редовно. “ – велат граѓаните
Посетата на стоматолошки ординации периодов е најчеста од ислениците од нашата држава, кои живеат во западот, затоа што нашиот квалитет е подобар, а во секој случај и цените се ниски вели доктор Јорданов.
„Во периодот најчесто сме посетувани од популацијата која што е ислена привремено или за цел живот, доаѓаат за извршување на било каква стоматолошка интервенција. Генерално доваѓаат на разубавување на промена на изглед, за заштита на заби, пломбирање, санации и сите други видови на естетски корекции. “- вели д-р Јорданов
Со силна болка повозрасните граѓани ги посетуваат ординациите во краен момент, кога е потребна екстракција. Многу често бараат поставување на протези со цел да се зачува надворешниот изглед.
„Повозрасните граѓани најчесто доваѓаат со болка како главна причина за посета на стоматолог или за екстракција, односно вадење или за лекување. Апелирам граѓаните често да се јавуваат на стоматолошки прегледи, тоа да го вршат на шест месеци, година дена. Било каква промена доколку забележат да се јават веднаш, каде се врши контрола, се прават ренген снимки. Подобро е да се спречи на време отколку да настанат компликации.“ – додава д-р Јорданов
Стоматолозите советуваат на честа посета на стоматолошка ординација се со цел навремено да се спречи било каква промена, за да не настанат посериозни компликации.
Лаура Стојанова, М-Нет