Жителите во нас. Пребег во Штип веќе нема да одат во темница, надлежните го решија проблемот

По прилогот на М-Нет Телевизија во кој жители на населбата Пребег во Штип во 21. век одеа во темница, а за проблемот одговор немале добиено од ниту еден градоначалник, решение пристигна од ЈП „Стипион“. До куќата да се стигне беше проблем, но уште почесто опасност откако непознати луѓе ги имаа нападнато тамошните жители. Пријави имаше и до СВР Штип, од каде имаа забележано неколку случаи за кратко време. Во текот на денешниот ден, пак, дел од проблемот беше решен со тоа што на веќе поставените електрични столбови екипи од претпријатието поставија светилки. Директорот Игор Ефтимов, кој претходно повика на трпение и посочи дека се работи на случајот, во телефонски разговор го потврди и ова велејќи дека по реакцијата од граѓаните и од нашата телевизија, надлежните им излегле во пресрет на проблемите. Патот до куќите е осветлен, а надежите се дека тоа ќе биде еден од начините и да се спречат честите напади.

Ребека Спасова М-Нет