
Главниот град на Франција, Париз од 11 до 13 јуни ќе биде во епицентарот на светските Карате возбудувања. Вкупно 495 каратисти од 98 земји ќе се борат за обезбедување на Олимписка норма за најважниот светски спектакл „Токио 2020“. Меѓу нив ќе бидат и нашите македонски карате јунаци преводени од селекторот Сашко Арсовски кои по макотрпните и добро организирани подготовки во Скопје во Париз отпатуваа со искрени желби за најспортскиот сон – учество на Олимпијада. Во Париз ќе настапат:
Во Кумите – Борби
- Емил Павлов – – 67 кг
- Патар Заборски – – 75 кг
- Берат Јакупи – +75 кг
- Симона Заборска – -55 кг
- Вероника Костовска – – 61
- Ангела Мојсовска – +61
Во Кати
7. Пуликсенија Јовановска
Во денешниот разговор за Мнет ТВ, Емил Павлов нагласи дека во неговата категорија -67 кг. ќе настапат дури 72 каратисти од целиот свет а ждрепката ќе се изврши вечерва. На Олимписките игри „Токио 2020“ Карате спортот за прв пат влегува како спортска дисциплина а од овој квалификациски турнир во Париз, за Токио ќе патуваат само победниците по категории. Навистина во Париз ќе биде пеколно жешко и исклучително тешко на Карате татамите на кои ќе се бие битка да се биде или не. Инаку колку за потсетување токму градот Париз ќе биде домакин и организатор на следните Олимписки игри во 2024 година.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk