
И оваа година подготвена богата програма по повод празникот Петровден, патрон празник на градот Кочани. Настаните ќе траат три дена од 11 до 13 јули.
Со средба на в.д. градоначалникот Венко Крстевски со најдобрите ученици ќе започне одбележувањето на партонот на градот. Во петок предвидена е празнична вечерна богослужба во црквата Свети Великомаченик Георги во Кочани, на која ќе чиноначелствува митрополитот брегалнички Господин Иларион. Потоа ќе следува духовна академија „Машки византиски хор“ и детски хор од Битола.
Во петок вечрта со почеток од 20 часот е предвидена забавна програма во градскиот парк во Кочани.
На самиот празник Петровден односно на 12 јули сабота активностите започнуваат со меѓународен фестивал на стари изворни влашки песни и ора „За Петровден сите на планина„.
Веќе во 13 часот во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани ќе се одржи настан во сеќавање, за починатите од пожарот во дискотеката Пулс.
Ќе се прогласат најдобрите во мал фудбал, а вечерта е предвидено забвна програма.
Настаните за Петровден завршуваат во недела на 13 јули со Традиционален петровденски марш Пониква – Осогово и целодневна забавна програма во градскиот парк.
Од Општина Кочани и оваа година упатија покана до сите заинтересирани граѓани да бидат дел од настаните предвидени по повод празникот на градот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет