Беса гради сериозен тим за дебитанската сезона во Првата лига!

Како што вчера објави телевизија М Нет дебитантот во Првата лига екипата на Беса на голманската позиција се засилува со искусниот голман Костадин Захов, кој во Беса доаѓа од редовите на прволигашот Воска Спорт од Охрид.

Како што дознава телевизија М Нет пред реализација се уште два трансфери во редовите на Беса. Адама Самаке е веќе договорено засилување кој во Беса доаѓа од редовите на Македонија ЃП, екипа која испадна во Втората лига.

21-годишниот фудбалер од Брегот на слоновата коска, ќе го засили дефанзивниот среден ред на тимот. Покрај Самаке во Беса доаѓаат уште две квалитетни засилувања. Станува збор за Меџит Незири кој во Беса ќе пристигне од редовите на шампионот Струга Трим Лум, додека пак ново засилување во Беса ќе биде и Башким Велија кој доаѓа од редовите на тетовска Шкендија.

Тука нема да застане Беса, како што дознава телевизија М Нет веќе се преговара со уште неколку квалитетни засилувања, целта на тимот во дебитантската сезона ќе биде да бори за горниот дел од табелата и да се освои Купот на Македонија преку кој ќе се обезбеди „виза“ за излез во Европа.

Александар Ванев, М-Нет