
Само со ред и Закон младите може да се задржат во државата, дециден е претседавачот на политичката партија Родина Македонија, Зоран Јованчев. Како што вели на младите и недостасува духовното, моралното, традиционалното, а се кај нив се сведува на пари. Токму затоа егзистенција бараат надвор од границите на државата.
„Со ред и закон, младите пред се бегаат оти нема ред и закон. Но мораме да воспитаме генерација на која кешот нема да и биде цел туку средства. Парите не се се во животот. Замислете нашите предци преживееле две балкански и две светски војни, едниот имал три другиот шест деца – никогаш не се пожалиле. Ние сме генерација која најдобро живее од сите минати генерации од аспект на материјалното. Ама гледаме дека нешто ни фали. Ни фали духовното.“ – вели Јованчев.
Додека во образованието улога има партијата, идентично како и во здравството, немаме малди. Како што вели Јованчев, партиите треба да им бидат слуги на граѓаните и на тој начин да фуинкционира државата.
Според него имаме добра млади и треба да се работи за да се задржат во држaвата.
Лаура Стојанова М-Нет