Јованка Шалева е нов директор на СОУ „Коле Нехтенин“ Штип, се менуваат директорите во училиштата

Се менуваат директорите поставени од претходната власт. Во три средни училишта и едно основно новата Локална власт постави нови директори. Прв човек на СОУ „Коле Нехтенин“ веќе нема да биде Дејан Павлов, а на негово место со оваа институција ќе раководи Јованка Шалева. Според првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов, и овојпат станува збор за промена по барање на директорот. По неговото поднесено барање за оставка, односно повлекување од функцијата, Општината назначила нов директор.

Дејан Павлов беше директор речиси четири години, од 7 август 2018 година. Новата директорка, пак, Јованка Шалева е внатрешно решение и долгогодишна професорка по Македонски јазик и литература во ова училиште.

И претходно Јорданов напомена дека ќе постапуваат согласно со тоа како ќе произлегуваат потребите за назначување на нови директори во училиштата. Досега потребата за истото најчесто произлегувала од тоа што самите директори си дале оставки. Единствено, Општината го промени директорот на штипската гимназија, бидејќи беа утврдени неправилности во работењето.

Ребека Спасова М-Нет