
Утре ќе се одиграат натпреварите од деветтото коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на натпреварите.
Бењамин Ќерими ќе биде главен судија на мечот меѓу Брегалница и Вардар Неготино во Штип, Спире Арсов ќе им суди на Борец и Детонит Плачковица, Ндерим Тефику го доби дербито на колото меѓу Македонија ЃП и Кожуф, Влатко Илиоски ќе им суди на Арсими и Осогово, а пак Фатмир Бафто ќе биде задолжен за правдата во Струмица каде играат Беласица и Осогово.
Дени Лековски ќе им суди на Охрид и Вардарски, Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Башкими и Каменица Саса, а пак Игор Иванов ќе ја дели правдата на мечот меѓу Победа и Новаци.
Натпреварите ќе започнат во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет