Штип УГД го декласираше Работнички за водство во полуфиналната серија, убедлив триумф и за Борец!

Одбојкарите на Штип УГД поведуваат со 1-0 во полуфиналната серија откако со 3-1 во сетови го добија Работнички на патот кон двојната круна.

Скопскиот тим го доби првиот сет со 22:25, но потоа тимот на Кристиан Ристески се разигра и го декласираше Работнички со тотална доминација во секој сегмент од играта.

Вториот сет Штип УГД го доби со 25:10 за 1-1 во сетови, а таквата игра се повтори и во третиот се за 25:14 и 25:12 во четвртиот сет за конечни 3-1 и голем триумф за штипските одбојкари.

Слично беше и во Велес каде Борец со 3-1 во сетови го доби актуелниот шампион Струмица на домашен терен. Струмица првиот сет го доби со 21:25 за 0-1, а потоа следните три сета ги загуби, откако Борец со 25:16, 25:19 и 25:20 стигна до конечни 3-1 за водство од 1:0 во полуфиналната серија.

Сега Штип УГД и Борец на гостински терен ќе бараат втори триумф во полуфиналната серија.

Александар Ванев, М-Нет