
Ракометарките на Ѓорче Петров 2 стигнаа до победа во второто коло на ракометната Суперлига откако во Битола со 23:31 славеа на Пелистер, а заслужна беше штипјанката Марија Анчева која постинга седум погодоци, заедно со Славица Мркиќ Стојанов.
Пелистер одлично го отвори резултатот кога имаше серија за 4:0, а потоа „лавиците“ ја стопија предноста и се играше гол за гол, се до 29. минута кога скопскиот тим има предност од 12:13, а на полувреме резултатот беше 13:13.
Во вториот дел Ѓорче Петров 2 започна да гради предност после 47. минута од средбата, кога стигна до 19:22, а таа предност постојано се зголемуваше за на крај „лавиците“ да слават со 23:31.
Штипјанката Марија Анчева и Славица Мркиќ Стојанов го предводеа тимот до големата победа, а поддршка имаа и од Мирјана Наумоска која реализираше шест гола. За домашниот тим Сејадин Еџе беше прво име со седум гола, а пак Даниела Шиниковска имаше шест гола.
Спартак го доби дербито со Вардар откако славеше со 31:28 на домашен терен, во меч каде Анастасија Николовска за домашниот тим имаше 11 гола, а за гостинот Ивана Трифуновска и Леона Миленкоска имаа по девет гола.
Дебитантот Атлетик доживеа втор пораз откако во второто коло загуби на гостување кај Чаир со резултат од 25:22.
Колото ќе се комплетира со натпреварот меѓу Деспина и шампионот Ѓорче Петров, каде „лавиците“ ќе бидат фаворити за триумф.
Александар Ванев, М-Нет