Штипјанката Ива Дојчинова нова кошаркарка на хрватскиот клуб Задар Плус

Младата и талентирана штипска кошаркарка Ива Дојчинова е ново засилување за хрватскиот клуб Задар Плус.

Дојчинова која е родена 2006 година е млада и надежна кошаркарка, а овој меѓународен трансфер е голем исчекор за развој во нејзината кариера.

Дојчинова е член на македонската репрезентација до 18 години, со која имаше настап на на ЕП 2023, беше член на репрезентацијата до 16 години и настапи на ЕП 2022.

„Од моите добри пријатели добив информација дека во Хрватска постои женски кошаркарски клуб Задар Плус кој посветува големо внимание на своите играчи, како во помладите категории, така и во постарите. По разговорот со управата и тренерите, се покажа дека ова е одличен потег за развој на мене како играч, но и за да придонесам колку што можам за успесите на овој клуб во наредната сезона но и во иднина“, рече Дојчинова.

Младата Дојчинова првите почетоци ги прави во 2014 година во КК Риџис Баскет од Штип, а потоа оди во КК УГД Студент, овие се машки клубови, бидејќи во тој период нема женски екипи, а по формирањето на ЖКК Тим Арена, Дојчинова продолжува во тој женски клуб.

Александар Ванев, М-Нет