
Штипјани со големо „НЕ“ за ноќта на вештерките. Велат, тоа се туѓи, па дури и „сатански“ обичаи што немаат место во православен град. Наместо маски и тикви, велат дека треба свеќи и молитви, затоа што утре се слави Светиот апостол Лука. На терен граѓаните во Штип велат дека треба да се почитуваат само нашите празници, а не тугите. Упатија јасна порака до младите – верата пред вештерките, традицијата пред трендовите.
Но, и од црквата во Штип свештениците испратија јасна порака – Хеловин нема место во православието. Протоереј-ставрофор Добрица Јанев вели дека зад маските и шминката се крие оддалечување од верата. Тој е дециден дека наместо туѓите празници и обичаи, треба да се слави Едносушната и Неразделна Троица – Таткото, Синот и Светиот Дух.
,,Ноќ на вештерките не е наш празник, дури да кажеме и пагански од словенските народи. Тоа е некое донесено помодарство од запаад и што е сосема крајно спротивно на православието. Погледнете што прават нашите, јас морам да реагирам и ние како свештеници децата ги преобратуваат во вештерки, ги шминкаат како демони, ѓаволи. Зарем ние треба да ги славиме вештерките и демоните. Ние треба да го славиме отецот, синот и светиот дух. Еве и денес е Св апостол Лука, зошто не се собравме по масовно во црквата?“, рече Јанев
И додека во западните земји утре масовно се слави Хеловин како забава со маски, кај нас православните верници го празнуваат Светиот апостол Лука. На крајот, изборот дали ќе се почитува светската мода со вештерки или ќе се почитува домашната христијанска традиција, останува на секој индивидуално.
Иван Митев, М-Нет