
Пешачката патека во Штип, простор кој се користи секојдневно од страна на граѓаните постои веќе десет години. За спорт и рекреација, прошетка, пешачење, велосипедисти, се користи од страна на помладите, но и повозрасните граѓани во Штип.
Патеката во изминатите неколку години доби и нов и современ лик. Целосно е осветлена па со тоа штипсјани имаат можност безбедно да ја користат и во вечерните часови. Направена е и велосипедска патека, за првпат во Штип, со што се зголемуваа можностите за велосипедистите. Граѓаните кои случајно ги сретнавме на терен на пешачката петека покрај река Брегалница согласни дека овој проект е од големо значење за нив, и дека патеката е доста користена.
„Се користи, многу е добро, и светло ставија, претходно немаше осветлување, проширена е патеката, клупи се поставија. Овој проект е добар за цел Штип.“ – велат граѓаните.

Пешачката патека е изградена во 2014 година, а тоа е забележливо и на таблата која е поставена на самата патека. Актуелниот градоначалник на Општина Штип, во предизборната кампања, вети продолжување на пешачката патека до Чардаклија и Караорман, нејзино осветлување, уредување и надополнување со велосипедска патека.
Лаура Стојанова М-Нет