
Со метанија, молитва, свеќа и силна вера, денеска верниот народ го слави Светиот Спиридон Тримитунски, чудотворец, заштитникот на занаетчиите, сиромашните, семејствата и патниците. Празникот уште од рано утрово ги исполни храмовите со верници, кои упатуија молитви за здравје и благослов. Свети Спиридон е познат по своите чудотворни мошти, кои со векови се почитуваат. Неговото духовно наследство и денес има силно значење за православните христијани. Денот се одбележува со мир, тишина и искрена побожност.
Инаку, овој празник особено се почитува во пробиштипско , каде во близина на селото Злетово мештаните имаат црква посветена токму на него. Со Божјата сила и силна вера, Свети Спиридон покажал големи чуда: измолил дожд во време на суша, запрел тек на река, воскреснал неколку мртовци, го исцелил цар од тешка болест, ги видел и ги слушнал Ангелите Божји, проѕирал во тајните на човечките срца и многумина обратил во вистинската вера.
Иван Митев, М-Нет