Штипски Мал Ајакс со „петарда“ за Кратово во Пробиштип, Овче Поле и Балкан победи!

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Во рамки на 14. коло екипата на Мал Ајакс од Штип со 0:5 го декласираше Кратово во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип, во меч на тотална домиција на лидерот кој оди сигурно кон враќање во Првата лига.

Карадаку на домашен терен дојде до второто сезонско славје откако со 6:4 славеше против Победа од Прилеп, а пак СЕЕ Университи со 8:1 го декласираше тимот на Ехналон од Струга.

Фаворитот Балкан со 8:6 забележа нова победа откако триумфираше против ССК Скопје, во Брвеница беа постигнати 27 гола за пораз на домаќинот Партизан Југ од Кораби со 12:15, додека пак ланскиот прволигаш Овче Поле со 4:1 го доби тимот на Конзули од Битола.

Во однос на табелата на врвот е Мал Ајакs со 36 бодови, втор е Балкан со 30 бодови, екипата на Овче Поле е трета со 28 бодови, а пак Кораби е на четвртото место со 25 бодови.

На дното е екипата на Карадаку со само шест бодови.

Александар Ванев, М-Нет