Штипските пензионери во среда на масовен протест на плоштадот „Слобода“

Штипските пензионери во среда повторно излегуваат на масовен протест на плоштадот Слобода. Нивните барања се уште не се исполнети, па како што вели новиот претседател на Иницијативниот одбор Штип, Трајче Митев, се очекува пензионерите да бидат масовни и на улица да ги побараат поврорно своите права. Тој е оптимист дека решение на нивните проблеми ќе се пронајде во периодот кој следи.

„На ден 28 февруари тоа е среда во 11 часот на плоштадот Слобода ќе се одржи протест на достоинствените пензионери од Штип. На тој собир сите ќе бидат запознаени за многу работи кои се случија во ИО во Македонија. Тоа ќе биде нов почеток, а мислиме дека ќе дојде и до резултати“ – вели Митев.

Пензионерите на ниво на државата во изминатиот период на улица бараа линеарно покачување на пензиите, како и услогласување на минималните пензии. Ваквите барања произлегоа заради моменталната ситуација во државата, односно покачување на сите производи во маркетите, високите сметки за струја и вода. Како што велат со минимална пензија пари има само за лекови и сметки.

Во меѓувреме од Министерството за труд и социјална политика најавија ново зголемување на пензиите од месец март.

Лаура Стојанова М-Нет