
Трката за титулата во Првата македонска фудбалска лига се вжештува откако Шкендија со минимални 0:1 славеше над Вардар, па така актуелниот шампион дојде на минус еден од лидерот Вардар.
Стрелец на победничкиот гол беше Лиридон Љатифи кој ги обезбеди трите бодови од пресметката во Скопје.
Работнички по двете врзани победи одново се врати на порази, откако загуби од Македонија ЃП со 3:1, па со тоа „романтичарите“ одат одново чекор назад во битката за опстанок, а пак „лавовите“ со променлива форма стигнаа до деветтото место со 23 бодови и сега се во бараж зоната.
Мечот во Битола меѓу Пелистер и Силекс заврши без победни и без погодоци (0:0), а нула беше и на мечот во Струмица меѓу Брера и Струга. Башкими очекувано славеше со 0:2 над Шкупи.
Трката за титулата станува одново неизвесна – Вардар останува лидер со 52 бодови, но сега има само бод повеќе од шампионот Шкендија. Тимот од Тетово е во победничка форма со пет од пет, Струга сега е на третата позиција со 44 бодови. На четвртото место на табелата е тимот на Силекс со 39 бодови и со тоа се отвара трката за третото место на овие две екипи.
Сите останати екипи не се сигурни со опстанокот во Прва лига и тоа прави да има уште понеизвесна пролет.
Башкими е на петтото место со 29 бодови, а со по 27 бодови се екипите на Тиквеш и Брера за делба на шестото место. Во бараж зоната за опстанок е Арсими како осми со 26 бодови, а пак Македонија ЃП е деветта со 23 бодови.
Во зоната за директно испаѓање има три екипи, Пелистер е на десеттото место со 21 бод, Работнички е на 11. место со 13 бодови и Шкупи е на дното со само еден бод.
Александар Ванев, М-Нет