
Денеска во Берово во Центарот за лица со ментална и телесна попреченост посета оствари Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, и се изврши увид во проширувањето на две простории во овој центар. Со активностите и концептот „Едно општество за сите“ значи дека сите граѓани на еднаква основа треба да учествуваат во општествениот, во јавниот живот согласно нивните барања.
„Со ова бројката на корисници кои ќе доаѓаат во дневниот центар за лица со попреченост ќе биде 35. Дневните центри за лица со попреченост претставуваат еден од облиците на кои што Министерството за труд и социјална политика овозможува инклузија на граѓаните кои имаат физичка и ментална попреченост.“ -истакна Шахпаска.
Министерството за труд и социјална политика во изминатите години покажа сериозна грижа за оваа категорија лица. Во собрансика процедура е измената на Зконот за Социјална заштита, со што се овозможува возрасната граница на лицата за лични асистенти да се спушти до 6 години.
Министерството за труд и социјална политика продолжува со активностите за сите лица да бидат вклучени во општествениот и јавен живот во општеството.
Лаура Стојанова М-Нет