Четири фудбалери на Брегалница добија повик во У-21 репрезентацијата на Македонија

Четири фудбалери од штипска Брегалница добија повик од селекторот Александар Таневски за настап за репрезентацијата на Македонија до 21 година на претстојните квалификациски натпревари за Европското првенство.

Повик добија Матеј Ангелов, Даријан Тасев, Андреј Велков и голманот Никола Филевски, кои повторно ќе ги бранат репрезентативните бои.

Македонската репрезентација на 1 октомври во Битола ќе настапи против Црна Гора, додека пак на 5 октомври ќе настапи против Шведска во Фалкенберг.

Инаку, Европското првенство до 21 година ќе се одржува во Албанија и Србија во период од 17 јуни до 4 јули.

Александар Ванев, М-Нет