Четврта фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје

Во доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, беше реализирана четвртата фаза од дезинсекцијата против комарци, од земја, на подрачјето на градот Скопје, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Ова е важна превентивна мерка за заштита на јавното здравје, спречување на ширење заразни болести и обезбедување поквалитетна животна средина за граѓаните.

Активноста се спроведе согласно програмата и законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот доставен од Центарот за јавно здравје.

Навременото третирање е клучно за спречување на масовна појава на комарци во летниот период. Градот Скопје продолжува со системски, навремени и одговорни активности за заштита на граѓаните.

Во следните денови ќе се реализираат уште две фази од дезинсекцијата, со цел целосна и ефикасна заштита на територијата на градот“, соопшти градоначалникот.

Текстот (Видео) Четврта фаза од дезинсекцијата против комарци во Скопје е превземен од МАКФАКС.