
Без присуство на публика екипите на Астибо и на Кратово прикажаа исклучително добар, интересен и пред се возбудлив фудбал кој го зачинија со атрактивни голови. Заслугата им припаѓа на стрелците на головите, но иако паднаа дури 9 голови сепак голманите на обете екипи заслужуваат највисока оценка. Одлично бранеа Давитков и Миладинов кај Астибо, но она што го одбрани Зоран Јакимовски голманот на Кратово беше вистинско чудо, како да имаше десет раце. Првиот дел заврши со резултат 2:3 водство на гостите кое во вториот дел постојано го зголемуваа за да се дојде до конечниот резултат 3:6 сосема заслужена победа на тимот на Кратово. Астибовите играчи беа рамноправни, упатија многу удари кон голот на Јакимовски кој имаше свој ден,така да резултатот изгледа превисок иако на теренот состојбата не беше таква. Најбитно од се е дека натпреварот мина во фер и коректна атмосфера за што заслугата им припаѓа и на судиите Петар Новачев и на Боби Величков и двајцата од Велес.
Драги Герасимов – Пушка