
На 12 август (вторник) ќе биде вистински фудбалски празник во општина Карбинци, доаѓа најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, кој ќе одигра пријателски натпревар со третолигашот Карбинци.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија доаѓа на пријателски меч кој ќе започне во 17 часот, а повеќе од сигурно е дека фудбалскиот терен во Карбинци ќе биде исполнет со публика и ќе може да го следи Вардар и големите фудбалски имиња кои се дел од овој колектив.
Фудбалскиот клуб Карбинци уште еднаш потврдува дека е клуб кој има голема и одлична организираност, клуб кој е стабилен третолигаш, а кој веќе неколку сезони редовно учествува во Купот на Македонија, но покрај учеството се покажува како одличен домаќин и организатор на еден Куп натпревар, бидејќи претходно доаѓаа прволигашите Силекс од Кратово и Воска Спорт од Охрид, а годинава Карбинци одново ќе игра во Купот на Македонија, а за противник го доби прволигашот Работнички.
Карбинци започнува со подготовки за овој натпревар, а паралелно ќе течат подготовките за првото коло од Купот на Македонија, како и за новата сезона во Трета лига – Исток која треба да започне на 7 септември.
Александар Ванев, М-Нет