Фатмир Бафто ќе им суди на Брегалница и Победа, Фуркан Идризи главен во Радовиш

Викендот започнува новата сезона во Втора македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од првото воведно коло.

Фатмир Бафто од Охрид ќе биде главен судија на Градскиот стадион во Штип каде што ќе играат Брегалница и Победа, Марјан Дејаноски ќе им суди на Осогово и Вардар Неготино, Кирил Смоквоски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Скопје и Вардарски.

Ндерим Тефику ќе им суди на Кожуф и Каменица Саса, Фуркан Идризи ќе биде главен во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачковица и Новаци, Александар Василевски ќе им суди на Борец и Башкими.

Струмичанецот Сашко Ристов ќе ја дели правдата меѓу Македонија ЃП и Охрид, а пак Боби Величков ќе им суди на Арсими и Беласица.

Натпреварите од првото воведно коло од Втората лига ќе започнат во 17 часот, а на телевизија М Нет ќе можете во живо да го следите натпреварот меѓу Брегалница и Победа.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ВТОРА ЛИГА 2024/2025

Осогово – Вардар Неготино, Марјан Дејаноски (Кичево)
Скопје – Вардарски, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Кожуф – Каменица Саса, Ндерим Тефику (Куманово)
Детонит Плачковица – Новаци, Фуркан Идризи (Тетово)
Брегалница – Победа, Фатмир Бафто (Охрид)
Борец – Башкими, Александар Василевски (Скопје)
Македонија ЃП – Охрид, Сашко Ристов (Струмица)
Арсими – Беласица, Боби Величков (Велес)

Александар Ванев, М-Нет