
Тежок пораз доживеа Овче Поле на гостувањето кај ланскиот суперлигаш Гостивар со резултат од 105:66 во рамки на 2. коло на Првата кошаркарска лига.
Домаќинот беше повеќе од апсолутен фаворит, а тоа беше оправдано со висока победа на теренот. Гостиварци уште на полувремето ја најавија убедливата победа против Овче Поле, заминувајќи на пауза со предност од 58:33. Пецаноски и Ибраими постигнаа по 24 поени, Тодоровски додаде 13, Столески 12, а Чадамов уште 10. Во гостинскиот состав, Богатиновски беше најефикасен со 18 поени.
Вардар на домашен терен славеше сигурна победа над Бутел со 90:75, а пак Охрид дојде до триумф на домашен терен против новајлијата Гевгелија со 87:60, во групата Б слободна беше екипата на Тетекс.
Борец Баскет забележа нов триумф од 94:56, Феникс во Струга славеше со 73:128 над Црн Дрим во убедливо издание на гостинскиот тим, додека пак Мега Баскет го доби ИБА Скопје со 87:74, а пак Ангели загуби од Водно Санс со 92:106.
По две кола во групата А максимален ефект имаат Феникс, Борец и Водно Санс со по четири бода, по три бода имаат Мега Баскет и Црн Дрим, а со по два порази и два бода се Ангели, ИБА Скопје и Младинец.
Во групата Б по четири бода имаат Гостивар, Вардар и Охрид, по два бода имаат Гевгелија и Овче Поле, а по еден бод Бутел и Тетекс.
Александар Ванев, М-Нет