Ученици од Македонија на Меѓународна олимпијада по физика во Колумбија

Македонските олимпијци повторно се подготвени да ги одмерат своите знаења со најдобрите млади физичари од светот.

Македонскиот  тим синоќа замина за Букараманга, Колумбија, каде од 4 до 12 јули ќе учествува на 56. Меѓународна олимпијада по физика.

Македонија ќе ја претставуваат:
– Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
– Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје
– Панче Крстев, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје
– Андреј Доневски, III година, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
– Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје

Водачи на тимот се проф. д-р Ламбе Барандовски – редовен професор на ПМФ во Скопје и претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија и д-р Христијан Кочанковски – претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ.

„Искрена благодарност упатуваме до Природно-математичкиот факултет – Скопје и Институтот за физика за континуираната поддршка и обезбедените услови за подготовка на олимпијците. Учеството на македонскиот тим на 56. Меѓународна олимпијада по физика е поддржано од Министерството за образование и наука, кое во целост ги покрива трошоците за котизација и патување“, соопштија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.

Текстот Ученици од Македонија на Меѓународна олимпијада по физика во Колумбија е превземен од МАКФАКС.