Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

СВР Охрид известува дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.

Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом“ од Охрид.

Надлежните упатуваат апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Текстот Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција е превземен од МАКФАКС.