Три кози и една недела труд, сточар од Радање ја продава урдата на штипскиот пазар

Сточар од Радање на штипскиот пазар ја продава урдата што цела недела ја подготвувал од млекото на своите три кози. Вели дека зад секој килограм стојат денови труд, но за 300 денари купувачите сепак велат дека е скапо. „Само ние си ја знаеме маката“, раскажува сточарот, кој сè што ќе измолзи го носи на пазар за да обезбеди егзистенција.

„Од козата од млекото правиме, урда правиме. Три овци чуваме, три литри млеко. Продаваме по 300 денари ама многу им било скапо. Па една недела е потребна за една кофа. Па купуваат, добро. За нас евтино ама за тие кој купуваат велат дека е скапо.“- сточар од Радање

И покрај тешката заработка, не се откажува од своите три кози, бидејќи, како што вели, тоа е неговиот живот. Се надева дека трудот сепак ќе биде вреднуван и дека ќе има за кого да дојде и следниот пазарен петок во Штип.

Дајана Сандева, М-Нет