Тешко повреден 39-годишен работник во фабрика во Штип

На 29.08.2026 во 13:59 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.К.(39) од Штип. Според пријавеното, со повредите се здобил при извршување на работни задачи во приватна фабрика во Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип и Трудов инспектор.