
Тензично во кочанско Тркање денеска на најавениот претсот во врска со уништениот пат. Жителите револтирани бидејќи нивниот пат е уништен, не можат да минуваат, а секојдневно се соочуваат со бучава и преголема прашина. Бараат под итно да се асфалтира нивната улица, но и да се забрани движење на тешки товарни возила кои според нив го унишуваат патот.
„Куќите ни се тресат. Оваа улица се руинираше премногу, особено оваа година. Бараме санирање на оваа улица, ново асфалтирање. Бараме да постават сообраќајни знаци, кои ќе покажат какви возила можат да поминуваат тука“ – велат жителите.
На протестот беше и директорот на приватната фирма која се наоѓа во непосредна близина на селото, и чии автобуси го користат овој пат. Во неформален разговор со жителите тој побара да се најде заедничко решение, за да реши проблемот.
„Мојата идеја беше патот да се санира како што треба, додека да се направи кракот да се користи. Тоа е обврска на градоначалникот и треба да каже до кога ќе се направи.“ – вели
Ситуацијата доби кулминација кога дојде и в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски. Тој истакна дека е одржан состанок на кој присуствувал и преставник од село Тркање, и дека реконструкцијата на овој пат ќе биде приоритет за општината. На ова жителите бурно реагираа со неверување.
„На општината и беше кажано во најбрз можен рок да се среди патот“ – вели Венко.
За да се утврди сообраќаен режим на овој пат потребно е општината да има соодветна документација, согласност од МВР и дозвола. За сега тоа го нема.
Од општината ветија дека патот ќе биде реконструиран во наредните три месеца, а до февруари 2026 е предвидено да биде направен и исклучокот, со што од овде нема да минуваат тешки товарни возила.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет