Текстилец со убедлива победа над Преспа Вардар, Еурофарм Пелистер 2 го декласираше Овче Поле со 20 гола разлика

Во рамки на 2. коло во Првата ракомента лига екипата на Текстилец однесе висока и убедлива победа над Преспа Вардар на домашен терен од 36:28, во меч каде за штипјани најдобар стрелец беше Филип Џинес со десет погодоци, додека пак кај гостинот од Ресен најдобар беше Александар Филиповски со осум погодоци.

Партизан во Гевгелија беше поразен од екипата на Македонија ЃП со 27:35, а во дербито на ланските суперлигаши Скопје со 30:28 славеше над Вардар Неготино.

Драчево однесе висока победа на домашен терен над Шампион со резултат од 40:34.

Кичево на домашен терен со 38:32 запиша триумф над струмички Астарион, а пак Овче Поле на домашен терен беше декласиран од ланскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 откако со 23:43 битолчани ја наполнија мрежата тимот од Свети Николе.

Најдобар кај битолчани беше Мирче Калајџиовски со 12 погодоцои, а пак седум имаше Бојан Гичев. За домашниот тим по шест погодоци постигнаа Димитар Минов и Иван Димчевски.

Мулти Есенс со 49:25 го декласираше тимот на Аеродром каде Александар Стојов беше најдобар стрелец за победничкиот тим со 12 погодоци.

Александар Ванев, М-Нет