Српската црква го празнува Свети Сава, Македонија посака здравје и мир на српскиот народ

Автокефалната Српска црква, денес го одбележува најголемиот верски празник посветен на Свети Сава. И во Македонија 19 години по ред овој ден е прогласен за национален празник на Србите во државава. За овој празник и годинава сплотениот и верен народ во државата им посакаа многу здравје, љубов и мир, нарекувајќи ги како браќа и пријатели.

Покрај граѓаните, почит на србите во Македонија, денес им оддаде и премиерот Христијан Мицкоски истакнувајќи дека наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата, културата и заедништвото, кои и денес се силна инспирација за градење праведно, хумано и напредно општество.

„Со длабока почит и искрени честитки, на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност.

Наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата, културата и заедништвото, кои и денес се силна инспирација за градење праведно, хумано и напредно општество.

Нека пораките на овој голем светител придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност, како и за понатамошно унапредување на пријателските односи и соработката меѓу народите и државите.

Среќен празник Свети Сава!

“, порача Мицкоски.

Инаку, празникот Свети Сава, роден како Растко Немањиќ, бил син на големиот српски жупан Стефан Немања. Свети Сава е роден околу 1174 година. Како млад, заминал во Света Гора, каде што се замонашил и со ретка ревност го поминал целиот подвижнички устав. Немања го следел примерот на својот син, па подоцна и тој заминал во Света Гора, каде што се замонашил и умрел како монах Симеон.

Иван Митев, М-Нет