Средба на Муцунски со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings: министерот ја претстави инвестициската отвореност на Владата

Како дел од напорите за привлекување нови инвестиции, поттикнување на извозот и продлабочување на економската и трговската соработка, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две значајни деловни средби, со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings.

На средбата со раководството на Qatar Airways, една од водечките светски авиокомпании, министерот Муцунски ја претстави инвестициската отвореност на Владата, а се разговараше и за можностите за воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Доха.

Соговорниците се согласија дека подобрата авиоповрзаност ќе придонесе за развојот на туризмот, трговската размена, бизнис-контактите и мобилноста на граѓаните, како и за дополнително унапредување на економската и културната соработка меѓу двете земји.

На средбата со Barzan Holdings беа разгледани можностите за соработка во областа на одбранбената индустрија и безбедносните технологии, како и за размена на искуства во развојот на одбранбените капацитети, модернизацијата и зајакнувањето на институционалната отпорност.

Текстот Средба на Муцунски со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings: министерот ја претстави инвестициската отвореност на Владата е превземен од МАКФАКС.