Спектакуларно отворање на „АЏИХО ХОУМ ЦЕНТАР“ во Скопје

Аџико го отвори својот Хоум Центар четврти по ред во државата, а прв во Скопје. По Штип, Гевгелија и Куманово, понудата од над 20 000 производи ќе биде достапна и во Скопје, во Општина Гази Баба.

Предмети за домаќинство, мали електрични апарати од програмата на германскиот бренд Hausberg, украси, играчки и бебешка опрема, осветлување, теписони, ламинат, плочки и санитарија, рачен алат, производи од текстил, како и најактуелно во моментот, најголем избор на новогодишен асортиман и тоа по најниски клуб цени – е дел од понудата која е достапна за купувачите во четирите града.

Аџико за верните потрошувачи нуди и клуб картичка по цена од 99 денари. Како дел од клубот верни потрошувачи можете постојано да ги користите попустите на целиот асортиман до 70%.

Новоотворената продавница е најголема до сега и е на достапна локација, која овозможува 100 паркинг места. На вчерашното отворање кое се одржа попладне освен актуелните поволности, за купувачите имаше специјални цени и промоции до 70% попуст.

Ребека Спасова МНет