Со симпатичниот Јане одиме на Е П во Букурешт а од таму ќе информира и екипата на Мнет ТВ

На еден ден пред заминување на Европското првенство во Фудбал во Букурешт, Романија во просториите на ФФМ се изврши тестирање на македонските новинари кои според зборовите на портпаролот Златко Андоновски се околу триесетина на број.

И покрај тоа што сите се по два пати вакцинирани, строгите правила на УЕФА и на земјите организатори предвидуваат и ново задолжително тестирање по што ќе следи патувањето за Будимпешта.

На изненадување на сите присутни кај докторската екипа се појави и симпатичниот Јане Велковски кој како неизбежен декор е присутен на сите фудбалски настани на репрезентацијата на Македонија и е вистинскимиленик на публиката. Убав и симпатичен гест на луѓето од ФФМ кои и на овој начин овозможуваат нашиот мал јунак да ги следи европските фудбалски возбудувања и во Букурешт. Новинарската експедиција на Македонија заедно со членови од раководството на ФФМ утре, сабота 12 јуни точно во 10.00 часот со авион на Croatija Airlines ќе полета за Букурешт. Спортската редакција на Мнет ТВ ќе биде на лице место на настанот во Букурешт и секојдневно ќе информира за престојот, игрите и активностите на македонската репрезентација.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk