
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на борците од егејскиот дел на Македонија, со свечени говори, музички настапи и пристојно претставување на културното богатство, Штип денес достоинствено го одбележа 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. На централниот настан во градот, градоначалникот Иван Јорданов и пратеничка Жаклина Пешевска, испратија јасни пораки.
Целта на настанот,кој над дваесетина година традиционално се организира во Штип е да се обединат сите македонци кон идентитет и името Македонија, без разлика на партиски или верски разлики, соопштиа денеска од здружението Мирка Гинова, како и преставниците од Општина Пустец и од агенцијата за иселеништво од самиот настан.
,,Она што го правиме денес и во овие 20 тина години е всушност празнување и чествување на она што го бараа македонците од Егејска Македонија. Тие се вградија во илинденското востание, меѓутоа не успејаа да се вратат во своите огништа, затоа е посебно чувството да се празнува сега во слободна Македонија. Пораката е многу едноставна, да се обединиме сите кон името Македонија, да се обединиме сите кон идентитетот, без разлика на било какви разлики, партиски или верски, да се обединиме за да опстои Македонија, затоа е мнгоу одамна, Македонија имаме обврска да ја чуваме, и да ја градиме и оставиме на нашите поколенија.”, вели Димков
,,Во Пустец и секаде во Албанија, македонскиот јазик, култура и традиција е опастанат бидејки тој се пренесува од дедовци на внуци, од мајки на синови. Се пренесува културата, традицијата. Во Пустец е повеќе изразена заради тоа што од секогаш во Општина Пустец македонците се признаение. Сите освен другото знаат да пишуваат и на кирилица.”, кажа Темелко
,,Пораката е многу јасна, да се биде македонец е чест и обврска. Ние сме библиски народ, постоиме илјадници години и треба на секој македонец кој не е во Македонија но и на оние овде, да ни е обврска македонскиот генетски код и македонштианата секогаш да ја чуваме. Да ја носиме секаде низ светот и секаде каде престојуваме а не сме во Македонија да ни биде обврска да го почитуваме тоа. Треба да зборуваат дома македонски.
Инаку настанот и годинава се одржа во дворот на црквата Свети Цар Константитн и царица Елена, а дополнително настанот беше збогатен со КУД и ансамбли од државата.
Иван Митев, М-Нет