Со прва награда за автентичен фолклор се здоби ФГ “Копачка на МФФ „Малешево пее и танцува“ во Р.Бугарија

Со Прва награда за изведба на автентичен фолклор се здоби фолклорната група Копачка од село Драмче, Делчево, на меѓународниот фолклорен фестивал насловен под името Малешево пее и танцува село Микрево, општина Струмјани, Р. Бугарија. На фестивалот учество зедоа многубројни ансамбли од страна како Србија, Црна Гора, Турција, Малта, Италија, Украјна, ама сепак пијанечкиот фолклор беше најдоминатен за барањата на жири комисијата, по што тие беа прваците меѓу сите за да се здобијат со наградата. Претседателката на фолклорната група Перса Стојановска, за М-Нет телевија изјави дека ова за нив претставува мотив за поголеми достигнувања.

“Ние бевме учесници на 19 сетото издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Малешево пее и танцува“, во село Микрево, Блгаоевградска област, Општина Струмјани, Р.Бугарија. Таму се претставивме со пијанечкиот изворен фолклор со езгија на тапаните со исполнување на ората, циганчица со женската изведба, потоа со ората ситна и копачка со мажите, а извонредна беше нашата изведба за да ја плениме публиката и бевме презадоволни од начинот на кој ја презентиравме традицијата на нашата држава Македонија. Извонредна организација тие имаат и ние бевме почестени што можевме да учествуваме во ова престижно меѓународно случување.“, истакна Стојановска

На самиот фестивал оваа група претпознатлива по заштите на светската организација УНЕСКО, на самиот фестивал покрај нематеријалното културно наследство, претстави и материјални богатства постари од еден век.

“На оваа фестивалска вечер настапија и претставниците од Србија, Црна Гора, Турција, Малта, Италија, Украјна и секако Бугарија, повеќе претставници имаше од Бугарија. Ние се заблагодаруваме на комисијата што се стекнавме со прво место за автентичен фолклор и затоа што ги препознаа вредностите што ги носиме со самата изведба почнувајќи со носијата во која имаме елементи постари од 100 години, па се до комплетната изведба на изворниот пијанечки фолклор црпен од изворите на соборите во село Драмче.“; додава Стојановска

Инаку, Фолклорната Група „Копачка“, работи исклучиво стар изворен фолклор, црпен од некогашните собори, кој останал во меморија на нивниот познат деец Димитар Узунски, по што тој го применува на самата сцена.

Лаура Стојанова, М-Нет