
Денес во Радовиш се одигра натпреварот од 20 коло на ВМФЛ – Исток кој поради обилните врнежи од снег беше одложен минатата недела. Натпреварот Плачковица – Кит Го Пехчево заврши со резултат 0:2 ( 0:0). Стрелци на головите за Кит Го беа Борха Кордова Александар кој го искористи идеалниот центаршут од корнер и ја спроведе топката во мрежата на немоќниот голман Мишовски. Вториот гол за водство на Кит Го од 0:2 што значеше конечен резултат и победа на тимот од Пехчево беше дело на Стефан Мишев. Во вториот меч кој се одигра во Могила тимот на Тиквеш ја победи екипата на Победа со резултат 1:0.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk