
Со пет предлог одлуки доставени до Советот на Општина Штип, ЈП Исар ќе бара излез од тешката ситуација во која се наоѓа претпријатието сега. Директорот, Кирил Зајков вели дека финансискиот извештај е завршен, а одлуките треба да помина на седница на Совет која е закажана за во петок. Освен редуцирање на бројот на вработени и продажбата на имотот на претпријатието во градскиот пазар во Штип, ќе има забрана за исплата на прекувремени саати, како и одлука за отпишување на законската камата која претпријатието ја плаќа на Министерството за финасии. Со овие мерки кои се за период од шест месеци се очекува претпријатието да застане на нозе и да финансиски да се стабилизира.
„Петте предлог одлуки кои ЈП Исар ги побара и ги достави до Советот на Општина Штип се: замрзнување за идни вработувања во период од шест месеци, намалување на бројот на вработени од 30 луѓе, забрана исплата на прекувремени саати на сите единци освен единицата водовод, продажба на имот со кој ќе добиеме директни пари со кои ќе се преброди шестмесечниот период на кој се однесуваат овие мерки и една од поглавните мерки е донесување одлука од страна на совет за отпишување на законската камата која Министерството за финасии ја наплаќа на ЈП и е сеиозна пречка за ликвидноста за претпријатието“ – вели Зајков.
ЈП Исар остана со блокирана сметка пред одреден временски период, па доби пари од општинта за да се одблокира сметката и да се врати ликводноста на истото.
И директорот на претпријатието и градоначалникот во неколку наварти потенцираа дека граѓаните нема да почувствувстваат на свој грб, односно услугите кон нив ќе бидат извршени, а ќе има и капитални проекти.
Лаура Стојанова М-Нет