Со мерење крвен притисок одбележан денот за борба против мозочен удар во Кочани

По повод одбележувањето на денот за борба против мозочен удар 29 октомври денеска во Кочани се спроведе акција, во која медицински лица мереа крвен притисок и холестерол на граѓаните, истовремено запознавајќи ги со симптомите и начинот на лечење на мозочниот удар. Пред Општата болница со Проширена дејност во Кочани граѓаните одблизу се запознаа со причините за мозочен удар, а добија и совети сите промени во своето здравје навремено да ги пријавуваат. Според медицинските лица бројот на мозочни удари во последно време е зголемен, а ова е петта причина за смртност кај граѓаните.

„Денес 29 октомври е ден против борбата на мозочниот удар. Заедно со колегите од Тетово и Скопје во период од 10 до 12 часот се одржува акција за мерење притисок, за да граѓаните бидат запознаени со ризик факторите за добивање мозочен удар. Мозочниот удар престатвува петта причина за смртност кај граѓаните. Деновиве има зголемување на бројот на пациенти кои имаат мозочен удар така да ние решивме да им покажеме на пациентите која е превенцијата за да се превенира за да не дојде до мозочен удар, да ги запознаеме со симптомите и да се побара лекарска помош“ – кажа Серафимова.

Мозочниот удар бил и продолжува да биде светски раширена болест која секоја година опфаќа 15 милиони жители на планетата Земја. Од тие 15 милиони, 6 милиони жители веднаш починуваат, додека останатите 5 милиони се оставени оштетени и оневозможени доживотно. На секои 6-ст секунди по еден човек доживува мозочен удар.

Лаура Стојанова М-Нет