Со интензивен тренинг Емил Павлов сонува за светски медал и олимписка норма

Секоја човечка единка мора да се грижи за своето здравје не само менталната и физичката подготвеност е многу важна за водење квалитетен живот. Со напорни и секојдневни тренинзи од по неколку часа вродуваат со плод и постигнување на многубројни успеси. Штипска карате икона Емил Павлов има учествувано на домашни и меѓународни натпревари на кои неретко освојува и први места.

Во мојата кариера досега имам два златни медали од европски првенства, две бронзи, на светско првенство петто место, трето место на европски игри, и други многу медали од меѓународни натпреварувања

Оваа календарска година е малку поразлична и има одложувања и намалување на бројот на натпревари поради ограничувањата и поголемите контроли за патување надвор од границите на државата предизвикано од пандемијата со корона вирусот што е присутен на целата планета земја.

Можам да кажам дека златните медали ми се најдраги бидејќи го завршуваш некое првенство како најдобар, како шампион, но исто и сите други резултати имаат своја тежина и ми се драги. Јас не застанувам тука мојата следна цел е медал од светско првенство бидејќи тоа ми недостасува во мојата кариера и настап на олимписките игри се откажаа многу натпревари но се надевам дека оваа ситуација ќе се стабилизира многу брзо да можам да се натпреварувам и остварам мојот сон.

За остварување на сонот кој што го има Павлов и замислено целта да се освои златен на светско првенство тој продолжува со своите тренинзи и во иднина и со надеж дека оваа вонредна ситуација ќе заврши час поскоро и нормално да се сретне со своите ривали, квалитетна конкуренција но со добра тактика планира да ги собори и искачи скалило плус на патот кон успехот.