
Општина Штип ја зголеми финансиската поддршка за учениците со попреченост. Советниците на Советот на општината денеска едногласно ја усвоија одлуката за зголемување на финансиската помош од 2.000 на 4.000 денари. Со оваа одлука, финансиската поддршка за овие ученици се удвојува.
,,Oва е еден мал, но значаен чекор во насока на подобрување на услови и во наскоа на намалување на таа социјална нееднаквост. Ова е знак дека политиката мора да биде во интерес на граѓаните и да се надминат партиските интереси, oсобено кога се работи за деца од ранливи катеогрии.“, вели Стојчевски
Со ова како што потенцираа советниците ќе се подобрат условите на ученциите со попреченост
https://youtu.be/mtbezWeeRxc?si=-qvJpfnfPsMmIelr
Иван Митев, М-Нет