
Снег во истокот – Берово и планините Пониква и Голак побелеа, а снежно е и кон граничниот премин Делчево. Патиштата се проодни и без задржување на снег. Од „Македонија пат“ информираат дека коловозите се суви, а мостовите и осојните делови се навреме посолени и третирани со ризла. Во моментов нема сообраќајни ограничувања, но се апелира на внимателно возење. Опасност претставуваат ситните одрони кои се појавуваат поради размрзнување на косините со дневното затоплување.
,,Во Берово, граничен премин Делчево, Пониква, Голак, што значи дека само на високите места има снег, на надморска височина над 1200, додека на остантите немаме снег, немаме задржување по коловозот. Коловозите се суви, на осоините места и на мостовите се посолени, третирани со сол и ризла, немаме ограничување, освен за ситни одрони, кои веќе почнаа да се појавуваат со самото изгревање на сонцето има размрзнување на косините.“, рече Цоневски
Возачите многу да се внимаваат, предупредува Цоневски, се со цел да не дојде до несакани последици.
,,Внимателно возење, особено да се внимава на осојните места каде што, поради обилните врнежи од дожд имаме вода што се прелева преку коловзите, која исто така подмрзнува. Истите се третирани со сол и ризла, мегутоа поради ниските температури, солта не делува после – 6 степени.“, додава Цоневски
Инаку, и АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Иван Митев, М-Нет