
Масовно се посетуваат светите извори низ манастирите, се чествува источен петок Балаклија, празник посветен на мајката божја Богородица. Денот е уште наречен Источен, Светол или Животоносен, востановен поради чудата кои се случиле на светиот извор во цариградскиот храм Животоносен источник. Меѓу чудата на Пресвета Богородица е прогледувањето на слеп човек, кој откако се напил и измил од нејзината водата, прогледал како порано. И не само слепи, од нејзиниот извор оздравувале и болни, воскреснувале мртви, па од тогаш празникот започнал да се практикува низ христијанските земји. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Во источниот дел на Македонија, празникот особено се чествува во манастирот на Пресвета Богородица, кај местото викано добра вода во кочанско оризари. Покрај таму, се празнува и во Делчевско, а во штипско во карбинското село Калаузлија, кај манастирот посветен на Св. Петка, параскева каде верниците одат на изворот и се измиваат со водата од изворот. И денес верниците посакаа здравје, мир, љуов, топлина, светлина, плоднос, напредок, спокој и неизмерна среќа, поздравувајќи се со изреката Христос воскресна, навистина воскресна.
Иван Митев, М-Нет