Се чека на последните три патници за комплетирање на осминафиналето од Купот на Македонија

Се чека на уште три екипи за комплетирање на 1/16 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија.

Трите натпревари ќе се играат во три различни термини. Првиот меч е закажан за 24 септември кога третолгиашот Могила ќе го пречека прволигашот Арсими, на 6 октомври третолигашот Крошу Спорт ќе игра против прволигашот Тиквеш, а третиот меч кога ќе биде познат последниот патник во осминафиналето Вардар Неготино ќе игра против Работнички на 14 октомври.

Претходно, пласман во осминафиналето обезбедија Башкими, Шкендија Арачиново, Каменица Саса, Скопје, Новаци, Беласица, Брегалница, Вардар, Струга Трим Лум, Пелистер, Македонија ЃП и Брера Струмица.

Куп титулата ја брани екипата на Силекс од Кратово, која во првото коло беше слободна.

Александар Ванев, М-Нет