
Празникот на учениците и студентите, свети Фануриј, денеска собра голем број верници во храмот св. Никола во Штип. Уште рано утринава редица ученици се поклонија пред иконата на светителот, кој со векови е нивен заштитник. И повозрасните, кој со пресна погоча дојдоа да се помолат во црквата, коленичејки се помолија за здравје и спасение пред се на младите, а потоа и за нив. Запалија свеќа и понесоа мир и радост во душата.
Иако Св. Фануриј е заштитиник на учениците, сепак без ука граѓаните децидни нема наука. Потенцираат, покрај учениците, посакуваат и наставниците да бидат еднакви и реални.
Инаку, празникот менува ден, но не и датум и секогаш се празнува на деветти септември, а се верува дека светителот јги исполнува желбите на сите верници. На овој ден домакинките подготвуваат погача наречена Фанурија и ја раздаваат за здравје на своите деца.
Иван Митев, М-Нет