
Интезивно се работи на штипската „едносмерна“ со цел активностите да завршат навремено и да биде пуштено во функција новото и прво шеталиште во Штип. Улицата откако се затвори за сообраќај, се уредува и поплочува, а преходно се работеше на промена на водоводната и канализациона мрежа. Предвидено е истата да биде соодветно уредена со урбана опрема и осветлена. Градоначалникот на Општиа Штип, Иван Јорданов, се надева дека активностите на терен ќе завршат во најбрз можен рок и улицата ќе биде пуштена во употреба за граѓаните.
„Се надевам дека во најбрз можен рок ќе биде пуштена во употреба со соодветната планирана содржина, урбана опрема, целосно осветлување и можност истата да биде користена за одржување на настани во иднина. Некаде околу 200 илјади евра се издвоени за оваа улица“ – вели Јорданов.
Со новото и прво шеталиште во центарот на Штип се подобрува изгледот на радот и можностите за граѓаните. Анкетираните се задоволни од она што се работи на терен, и потенцираат дека ова шеталиште ќе биде белег на градот.
Отакако ќе заврши првата фаза, предвидена е и втора фаза во која ќе се обноват и фасадите на истата. Засега не е предвидено нејзино преименување односно останува улицата „Ванчо Прќе“.
Улицата треба да биде готова до отпочнување на манифестацијаа „Пастралијада“ бидејќи е предвидено да се одржи на оваа улица.
Лаура Стојанова М-Нет