Се помлади лица страдаат од спондилоза, како се препознава и дали се лечи?

Болки во вратот, вкочанетост во вратот, чести или повремени главоболки, вртоглавица, зуење во ушите, болки долж рацете отрпнатост или трнење долж рацете се до прстите. Ако е присутен еден или повеке од овие симптоми станува збор за спондилоза. Ако претходно ова се појавуваше кај лицата над 40 години, новиот начин на живот ја спушта возрасната граница, па вратна сподилоза се јавува кај се помлади лица.

„При појава на спондилозни промени на рбетен столб се јавуваат болки долж раце и нозе, чувства на мравирање. За самата дијагноза потребно е да се земат анамнестички податоци од самиот пациент, а тоа го обавува специјалист ортопед или невролог, потоа се прават испитувања од типот на рентген испитувања или компјутерска томографија, а потоа се прави план за третман.“ – вели Ангеловска-Милановски.

Спондилозата најчесто се појавува заради неправилна положба и долготрајно седење, намалена физичка активност, Се почеста употреба на клима уреди кои директно се насочени кон телото, како и нормален процес на стареење. Третманот кој се спорведува при спондилозини промени на рбетот вклучува конзервативен и оперативен третман.

„Најнова техника која се применува е техника на гваша однонсо вид на масажна техника на кинеската медицина. Со самото таканаречено гребење на ккожата се постигнува подобрување на циркулацијата, дотокот на крв и се намалува болката“ – додава Ангеловска-Милановски.

Спондилозата не се лечи таа се третира. Тој процес на стареење на зглобните површини не може да се запре целосно меѓутоа со периодична физикална терапија (еднаш или повеќе пати во годината) процесот се успорува и симптомите делумно или целосно се отстрануваат.

Лаура Стојанова М-Нет